Од ТАВ Македонија предупредуваат за измама на Фејсбук

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Извесна Фејсбук-страница која се претставува како да е скопскиот аеродром шири невистинити информации во јавноста за извесна продажба на изгубен багаж, а за што пристигна демант од ТАВ Македонија.

Од ТАВ Македонија информираат дека страницата со име „Alexander the Great Airport“, лажно се претставува, шири лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж и со овие невистини нанесува штета на угледот на ТАВ Македонија и на Меѓународниот Аеродром Скопје.

– Поради ова, ТАВ Македонија ќе ги преземе сите правни мерки со цел да го заштити својот углед. Ние сме одговорна компанија која се грижи за своите клиенти – авиокомпаниите и патниците. Во аеродромскиот бизнис никогаш не се тргува со изгубениот багаж, туку тој им се враќа на сопствениците по регуларната постапка за изгубен багаж – потенцираат од ТАВ Македонија.

Единствената Фејсбук-страница на Меѓународниот Аеродром Скопје, управувана од ТАВ Македонија, е Skopje International Airport – SKP, како и страниците со истото име на Инстаграм и Твитер. Сите други страници на социјалните мрежи кои што можеби ќе ги сретнете лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот Аеродром Скопје и нашата дејност.

Share This Article