More

    Од сабота до среда во Пекинг падна најмногу дожд во последните 140 години

    spot_img

    Пекинг, главниот град на Кина, во последните неколку дена забележа најмногу врнежи во последните 140 години.

    Градот забележал 744,8 милиметри дожд од сабота до среда наутро, соопшти Метеоролошкиот центар во Пекинг.

    Северот на Кина го зафати силно невреме, по тајфунот Доксури, кој првенствено ги погоди јужните делови на земјата, а потоа и северот.

    Пекинг и околната провинција Хебеј беа погодени од силни поплави, а нивото на водата се искачи на опасни нивоа. Дождовите уништија патишта и далноводи и водоводни мрежи.

    Меѓу најтешко погодените области е Жужоу, мал град во провинцијата Хебеи што се граничи со југозападен Пекинг.

    Не е познато колку луѓе се заробени во подрачјата погодени од поплавите во градот и околните села.

    Кинеските власти во вторникот соопштија дека обилните дождови околу Пекинг предизвикале најмалку 20 смртни случаи, а 27 лица се водат како исчезнати.

    Илјадници луѓе беа евакуирани во засолништа во училишта и други јавни згради во предградијата на Пекинг и околните градови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img