Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека операторот со храна ДТГМУ „Тинекс-МТ“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, улица Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 Скопје, врши отповикување на следниве небезбедни производи: „Колиос“ грчки јогурт, 0%, 500 г, Лот:4243250644 – „Колиос“ грчки јогурт, 0%, 150 г, Лот: 4243025064 Рокот на употреба е до 16 август годинава.
Причина за отповикувањето е присуство на мувла и потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Од АХВ предупредуваат дека потрошувачите кои ги имаат купено горенаведените производи со посочените лотови и рок на употреба, да нe ги консумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле.