More

    Од преговори до понижување на еден народ, кое не се случило во досегашната историја, капитулација без војна

    spot_img

    На изненадувањата им нема крај, ете францускиот амбасадор во Блгарија, ни ја кажа вистината в лице, колку таа да е болна и сурова, таа несомнено е наша реалност.

    „Северна Македонија во оваа смисла треба да го промени својот Устав – тоа е заложбата што ја презедоа властите да ја вклучат бугарската заедница во Уставот и да ги разгледаат правата на оваа заедница. Колку повеќе PCM ја забавува промената на нејзиниот Устав, толку повеќе го одложува и своето членство во ЕУ. Не сакам да го потценам трудот што треба да се направи за да се случи тоа и отпорите со кои мора да се соочат во едно многунационалистичко општество на кое може да влијаат други земји, т.е. Русија, која има за цел да ги подели општествата. Но, ако Скопје прифати да го промени својот Устав, тогаш можеме да сметаме дека гледа поголема причина да се приклучи на ЕУ. Овој интерес од страна на РСМ е жив и натаму, и од информациите што ги имаме од PCM, тие ги гледаат придобивките од пристапувањето и ќе се заложат за промени во нивниот Устав. Мислам дека сега треба да се зајакне дијалогот за земјата побрзо да го промени Уставот. Ако не го стори тоа, правилата на играта се јасни“, истакна амбасадорот Мејер за БГНЕС.

    Понижување на еден народ, кое не се случило во досегашната историја, капитулација без војна.

    Предавство на сопствениот народ, како никогаш досега (иако сме познати по предавства низ историјата), кое за жал продолжува и понатаму, без елементарна свест за патриотизам.

    Ако Собранието на РМ, Владата и Претседателот на РМ имаат барем малку гордост, чувство на припадност кон сопствениот македонски народ, нема да кажеме патриотизам, зошто очигледно тоа го немаат, за нив тоа е мисловна именка, веднаш ќе ја распуштат односно ќе се повлечат од онаа предавничка квази-заедничка билатерална комисија, со блгарите.

    Ако не го сторат тоа, тогаш македонските (ако може да се наречат така) членови на таа комисија, треба да се повлечат и никој да не прифаќа да биде член на една комисија, која е формирана, како параван за дефинитивната капитулација наМакедонија, поточно на македонскиот народ и неговата историја, култура, јазик и негово дефинитивно исчезнување.

    Доколку пак се остане на наметната „амбасадорска“доктрина на симнување на долен веш на секое нивно барање, тогаш ќе помине бетер од „Букурешкиот договор“, но за сите оние што не доведоа во оваа состојба има едно кривично дело кое санкционира дејствија со кои се доведува државата во потчинетост, а и ако ете и тоа не биде, совеста вака или онака ќе ги изеде, кога тогаш…..

    Сашо Денесовски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img