More

    Од почетокот на годинава до денеска (5 февруари) се регистрирани вкупно 11 случаи на голема кашлица во земјава

    spot_img

    Од почетокот на годинава до денеска (5 февруари) се регистрирани вкупно 11 случаи на голема кашлица во земјава. Меѓу заболените имало и возрасни. Во моментов се заболени две бебиња на возраст од два и од два и пол месеца. Едното бебе е хоспитализирано во приватна болница, а другото во Детската болница Козле. Ниеден од заболените веројатно не е вакциниран, вели портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.

    Што е голема кашлица?
    Големата кашлица, наречена и магарешка кашлица или научно – пертусис, е респираторна инфективна болест која најчесто се појавува кај невакцинираните лица. Ја предизвикува бактеријата Bordetella pertussis. Пред да се создаде вакцината за големата кашлица, таа се сметала за детска болест.

    Најчести симптоми се:

    – Благата кашлица

    – Течење на носот

    – Кивање

    – Слаба треска (под 39 Целзиусови степени)

    По 7-10 дена се појавуваат симптоми на долготрајно кашлање кое може да трае и до 100 дена. Звуците од кашлањето, кои наликуваат на рикање, се резултат на обидот за земање здив по долгото и напорно кашлање. Затоа долгата кашлица се нарекува и магарешка кашлица.

    Кашлицата е сува и не произведува слуз, па кашлањето може да трае и до 1 минута. За време на кашлањето, понекогаш лицата на заболените стануваат црвени или виолетови поради недостиг на воздух.
    – Ова бактериско заболување е многу заразно и е второ по преносливост од редовните инфективни заболувања. Заболувањето најчесто не е опасно, но може да има лоша клиничка слика, особено за бебињата. Нивното дишење може да отежне, па да престанат да дишат, што доведува до видливи симптоми кои изгледаат страшно за родителите – вели Мехмедовиќ.

    Големата кашлица е најопасна за бебињата, особено помладите од една година, бидејќи го запира дотокот на кислород во целото тело. Таа може да предизвика внатрешно крвавење, пневмонија, кила, грчења и фрактури на ребрата поради напрегањето при кашлањето.

    Смртните случаи поврзани со големата кашлица се ретки, но новороденчињата на возраст под два месеца се најризична категорија бидејќи нивниот организам сѐ уште е ранлив.

    Како се дијагностицира?
    Симптомите на големата кашлица се слични на оние на грипот или на бронхитисот што го отежнува нејзиното дијагностицирање во почетокот. Таа се дијагностицира со:

    – Брис

    – Крвна слика

    – Рендген на градниот кош

    Земањето брис од местото каде што се спојуваат носот и грлото за да се тестира присуство на бактеријата е најдобриот начин за дијагностицирање на големата кашлица. Крвната слика го покажува бројот на бели крвни зрнца (имуните клетки), но само покажува дека постои инфекција, а не и која. Рендгенот на градниот кош покажува појава на пневмонија, но не може веднаш да се знае дали е предизвикана од големата кашлица или од друга болест.

    Како се лекува?
    Најдобро е да се спречи големата кашлица со редовно вакцинирање. Се примаат пет вакцини DTaP (дифтерија, тетанус, пертусис) на возраст од 2 месеца, 4 месеца, 6 месеца, 18 месеци, па на 7-годишна возраст.

    Големата кашлица се лекува со антибиотици. Антибиотиците ги намалуваат кашлицата и другите симптоми, а и спречуваат ширење на заразата. Кај повеќето луѓе болеста се дијагностицира предоцна што се одразува врз дејството на антибиотиците.

    Лековите кои се купуваат без рецепт, супресантите на кашлица и експекторансите (лекови кои предизвикуваат искашлување слуз) не функционираат.

    Помагаат одморањето и јадењето повеќе мали оброци дневно. Малите оброци ги намалуваат шансите за повраќање за време на екстремното кашлање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img