More

    Од почетокот на годината во Иран се егзекутирани дури 354 лица

    spot_img

    Најмалку 354 луѓе беа обесени во Иран во текот на првата половина на 2023 година, што е за 36 отсто повисока стапка на егзекуција во споредба со 2022 година, според иранската невладина организација за човекови права со седиште во Норвешка.

    Невладините организации за човекови права редовно ги обвинуваат иранските власти дека ја користат смртната казна како средство за задушување на протестите кои започнаа во септември по смртта на една млада Иранка која беше уапсена од полицијата поради непочитување на строгиот исламски кодекс на облекување.

    Иранска невладина организација изјави дека 206 лица биле егзекутирани поради трговија со дрога, а меѓу погубените има и шест жени. Двајца мажи беа обесени на јавно место, а седум егзекуции беа директно поврзани со протестите.

    „Смртната казна се користи за да се создаде страв во општеството и да се спречат понатамошни протести“, изјави директорот на иранската невладина организација Махмуд Амири-Могадам.

    Според неколку невладини организации за човекови права, Иран егзекутира повеќе осуденици од која било друга земја освен Кина.

    Минатата година во Иран беа егзекутирани 582 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img