More

    Од јули во Грција ќе се работи 6 шест дена во неделата за одредени индустрии и производствени капацитети, како и бизниси кои работат 24/7

    spot_img

    Од јули во Грција ќе се работи 6 шест дена во неделата за одредени индустрии и производствени капацитети, како и бизниси кои работат 24/7.  Со посебен закон на работодавците им се дава овластување да можат да им наложат на работниците да работат 6 дена, а за тоа да исплатат 40% од редовната дневница. Притоа, работникот нема право да одбие да работи подолго. Ова според грчките експерти по трудово право значи враќање на Грција еден чекор назад во однос на работничките права, додека светот веќе воведува работна недела од 4 дена.

    Владата го објаснува новиот закон со зголемените проблеми на пазарот на труд поради недостигот на работна сила, така што на работодавачите им се дава можност да ги користат оние кои веќе ги имаат, пишува Дојче Веле.

    Грчката влада вели дека новите правила ќе ја поедностават администрацијата, ќе ги намалат пробните периоди на 6 месеци, а прекувремената работа ќе биде дополнително платена.

    Според актуелните грчки закони работникот треба да работи 40 работни часови неделно, но шефот може да му нареди да работи прекувремено најмногу 2 часа дневно во „ограничен“ период – и тоа неплатено, само со обврска да ги „надокнади“ тие часови со слободно време и годишен одмор.

    Лани Грција ја укина петдневната работна недела во туризмот и угостителството.

    Според Евростат, Грците  мора да поминуваат 41 час неделно на работното место. Истовремено, со минимална плата од 830 евра, Грција е само на 15-то место меѓу членките на Унијата.

    За разлика од Грција дел од земјите од ЕУ воведуваат работна недела од 4 работни дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img