Почнувајќи од денеска поради изведување на градежни работи за рехабилитација со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово (лево и десно на коловозот), ќе биде изменет режимот на сообраќај на патниот правец Скопје-Катланово, каде наместо по десната коловозна лента како што беше досега, се врши измена и сообраќајот ќе се одвива во левата коловозна лента во двата правци, информира Авто мото сојузот.
Како што се наведува и на патот с.Извор – с.Иванчишта сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.