More

    Од денеска до 9 јуни, со 8 концертни настапи и 2 документарни филма, ќе се одржи 23 – то издание на ОФФ-Фест 2024

    spot_img

    Во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека од денеска до 9 јуни, со 8 концертни настапи и 2 документарни филма, ќе се одржи 23 – то издание на ОФФ-Фест 2024, најголем и најзначаен фестивал на музиката на светот.

    Отворањето на Фестивалот е целосно во знакот на африканската музика со настап на две големи имиња: BOMBINO, еден од клучните претставници на прославениот „пустински блуз”, како и јужноафриканските ѕвезди BCUC, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо.

    Гитаристот од Нигер Омара БОМБИНО Моктар е феномен, човек со приказна. Во неговата родна земја, тој е вистински култен херој меѓу младите Туарези, способен да го долови звукот на африканската пустина со неговите дисторзирани гитарски мелодии. Заедно со Tinariwen, Mdou Moctar и Vieux Farka Touré, Бомбино е предводник на експлозијата на високозаразниот пустински блуз/рок во светот последниве години. Неговата музика ја става гитарата во центарот на звучниот пејзаж, кој е комбинација на традиционалното и модерното. Експерт за создавање волшебни ритми, Бомбино ја слави културата на Туарезите, чувајќи ја од заборав. Инспирацијата од неговата музика лесно се забележува во модерните познати инди бендови како Khruangbin, GOAT или Dirty Projectors – Дејвид Лонгстрeт од последниве воедно го продуцираше албумот „Azel” (2016). Претходно тоа беше Ден Ауербек од The Black Keys кој стоеше зад прославениот „Nomad” (2013). Албумот „Deran”, пак, беше номиниран за Греми за најдобар world music албум, со што стана првиот изведувач од Нигер што добил ваква номинација. Во моментов, Бомбино го промовира својот седми албум „Sahel”, кој излезе минатата есен за култната Partisan Records. Без оглед на животните предизвици, Бомбино постојано граби напред во својата мисија да ја користи музиката за ширење љубов, разбирање, како и прекрасната туарешка култура низ целиот свет.

    Афро-психоделичниот септет БИ-СИ-ЈУ-СИ (Bantu Continua Uhuru Consciousness) е супергрупа од Совето, Јужна Африка, која ја доживува својата музика како хедонистички транс, но и како оружје за политичко и духовно ослободување во согласност со борбата за правда на претходните генерации. Звукот на БИ-СИ-ЈУ-СИ е истовремено современ и оригинален, самоуверен и моќен. Тој е исполнет со фанки грувови и хип-хоп сензибилитет, но и со репетитивни бас рифови, флејти и галопирачки ритми, како директно оддавање почит на надежта и борбениот дух на претходните генерации. Групата пее и зборува гласно за суровата реалност со која се соочуваат сиромашните работници во Јужна Африка, но во исто време, БИ-СИ-ЈУ-СИ не ја прикажува татковината како сиромашна, туку богата со традиции, ритуали и вера. Кога БИ-СИ-ЈУ-СИ настапуваат во живо, тие ја вовлекуваат публиката во вистински транс. И кога ќе присуствувате на концерт на БИ-СИ-ЈУ-СИ, тоа никогаш нема да го заборавите. Од нивниот деби албум „Our Truth” објавен во 2016 година и следниот „The Healing” (2019), тие го привлекоа вниманието на публиката на сите светски концертни подиуми и фестивали, вклучувајќи ги Glastonbury, Roskilde, Afropunk Brooklyn, Dour, Worldwide, Womad и многу други. Во моментов го промовираат албумот „Millions of Us” (2023), кој доби одлични критики ширум светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img