Амбасадорот во Вашингтон Зоран Попов изнајмил резиденција во ексклузивен дел на Вашингтон за кирија од повеќе од 6.000 долари месечно, иако во амбасадата има резиденција во која што до сега живееја сите претходни амбасадори – обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
„Попов не сакал да живее во резиденцијата, затоа што не му се допаѓало, па си избрал луксузно сместување. На оваа сума има плус режиски трошоци од 1.000 долари, кои, доколку живее во резиденцијата во наша сопственост нема да ги има или ќе бидат минимални. Платата му е 5.000 долари, а си земал стан од преку 6.000 долари. Со што ги заслужи овие луксузирања Зоран Попов? Што сработи во изминатиот период? МНР треба да ја испита ваквата раскалашеност и да побара одговорност од Попов, бидејќи во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај недозволиво е некој непотребно да троши народни пари во Вашингтон“ – се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.