Обвинителството побара замрзнување на имот и одземање на пасоши

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица поради сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија денеска од Обвинителството.

Едно од осомничените лица е и поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

„Се сомневаме дека осомничените како соизвршители овозможиле противправна имотна корист на едно правно лице во значителна вредност од 622.981.190 денари“, истакнуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Осомничените, меѓу кои е и поранешниот директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), се товарени дека во периодот од јануари до јули 2022 година преку неизвршување на службените должности му овозможиле на едно правно лице да добие договор за јавна набавка за изградба на инфраструктура за ТИРЗ Штип и ТИРЗ Струмица.

„Обвинетите службени лица не извршиле контрола на тендерската документација, а тројца членови од Државната комисија за жалби по јавни набавки го игнорирале стручниот наод и го одбиле приговорот на конкурентската фирма“, додаваат од Обвинителството.

Поради сериозноста на делото и обезбедување за идната конфискација, Обвинителството побара од Основниот кривичен суд Скопје да замрзне недвижен имот во Карпош и Кисела Вода, како и финансиски средства на четири трансакциски сметки.

„Покрај тоа, предложивме забрана за располагање со возила и градежна опрема во сопственост на правното лице. Судот, исто така, одлучи да го одземе пасошот на првоосомничениот кој ја извршувал функцијата директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони“, нагласуваат од Обвинителството.

Во соопштението, Јавното обвинителство истакнува дека осомничениот директор потпишал два анекс-договори, со кои ја зголемил вредноста на основниот договор за над 119 милиони денари и го продолжил рокот за изведба на работите.

„И покрај тоа што избраната фирма не го испочитува рокот од 120 дена, кој беше клучен за добивање на договорот, директорот не презел мерки за раскинување на договорот или активирање на банкарските гаранции“, додаваат од Обвинителството.

- Advertisement -
Ad image

Со ова, обвинетите овозможиле јавната набавка да се додели врз основа на нереални услови, со што фирмата добила значителна противправна корист, а конкурентот бил оштетен.

Основното јавно обвинителство информира дека предметот останува во тек, а финансиската состојба на правното лице е под истрага.

„Ќе продолжиме со постапката за утврдување на сите околности поврзани со овој случај. Целта е да се обезбеди целосна одговорност за сторените кривични дела“, завршуваат од Обвинителството.

- Advertisement -
Ad image

Деспотовски останува достапен: Сакам со мојот пример да покажам дека не сме сите исти

Од она што се случи веројатно беше полуинформација. Во предистражната постапка не би сакал да коментирам многу детали. Ги почитувам институциите и би оставил да ја завршат задачата. Има постапки за одредени аспекти од моето работење во институците каде што сум работел. Целосно стојам на располагање и ќе останам достапен, изјави утрово екс-директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски по лажната вест дека пред два дена бил приведен од полицијата. Подоцна беше разјаснето дека Кривичниот суд предложил мерки на претпазливост и дека му е одземен пасошот.

– Реалноста во изминатите неколку месеци даде многу негативни примери на носители на јавни функции кои се определија да не се соочат кои ги поставува јавноста. Јас сакам со мојот пример сакам да покажам дека не сме сите исти. Немав никаква забелешка на предлогот на обвинителот заради тоа што не сме сите исти и дека верувам во професионализмот на институциите – додаде Деспотовски.

Членот на СДСМ информира дека дел од неговите партиски колеги се јавиле да го проверат и да понудат помош.

Деспотовски веќе дал исказ пред судија на претходна постапка, по што Судот го прифати барањето на Обвинителството за изрекување мерки на претпазливост.

Дел од медиумите, пак, повикувајќи се на извори од финансиската полиција информираа дека Деспотовски бил повикан да даде исказ за финансиски недоследности, поврзани со приватна компанија што изведувала работи во две слободни зони.

Share This Article