Обвинение за убиството кај ТЦ „Мавровка“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Подесено е обвинение против убиецот кој на 20 август го уби Васил Ефтимов кај трговскиот центар „Мавровка“.

Од Обвинителството не ги соопштија иницијалите на обвинетиот убиец. За него од претходно се знае дека е осудено лице за друго кривично дело, кое во времето на убиството, на 20 август 2024 година, бил избеган, но полицијата брзо го фати и го врати зад решетки.

„Јавен обвинител од ОЈО Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, на кое му се става на товар дека ги сторил кривичните дела – Убиство, по член 123 став 2 точка 4, Убиство по член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид), како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20 август, позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, од користољубие, со истрел од огнено оружје – пиштол, го лишил од живот оштетениот Васил Ефтимов, по што со пиштолот се заканил и на неговата сопруга и ја одзел од неа торбата која таа ја носела на нејзиното рамо и една гајба во различни бои покриена со шаторско крило во која имало различен рачен алат, а која оштетените ја имале во возилото“, соопшти Обвинителството.
Потоа во автомобил со белгиски регистраски ознаки избегал кон Гази Баба, се додава во соопштението.

„Подоцна во текот на истиот ден, кога полициски службеници го пресретнале обвинетиот заедно со уште едно лице во автомобил на улицата Стојна Стефкова во Скопје, тој излегол од совозачката врата и кон четворицата полицајци испукал 3 проектили во обид да ги лиши од живот. Полицајците во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, и успеале обвинетиот да го совладаат, по што тој го фрлил пиштолот и бил уапсен. Обвинетиот ќе одговара и за недозволено поседување на оружјето со кое го извршил делото – полуавтоматски пиштол марка „Глок 17“, без фабрички број, калибар 9мм, кој го поседувал без дозвола“, соопшти ЈО.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Share This Article