Обвинение за 21-годишен скопјанец

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во собраќајот по член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода по член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 12 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, движејќи по булеварот Никола Карев” во насока од исток кон запад, управувал автомобил Мерцедес Е 320.

Тој брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема условите на патот, па со возилото удрил во пешак – дете родено 2013 година, кое попречно го поминувало коловозот надвор од обележан пешачки премин.

Од повредите здобиени при сообраќајната несреќа детето починало на Ургентниот центар, а осомничениот, без да укаже помош на повреденото лице го напуштил местото.

Ценејќи ги сите околности, надлежниот јавен обвинител му предложи на судот да определи мерка куќен притвор за осомниченото лице, а дополнително и мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Share This Article