Обновен договорот со нашата земја во борбата против тероризмот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Брисел потпишаа ревизија на билатералниот договор со Северна Македонија, обновувајќи ги активностите за спроведување на Заедничкиот акциски план за борба против тероризам за Западен Балкан, со што, како што соопшти Делегацијата на ЕК во Скопје, дополнително ќе ја надгради соработката во полето на борбата против тероризмот, спречувањето и спротивставувањето на насилниот екстремизам.

– Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот останува столб на нашата соработка со Западен Балкан за да се осигура нашата заедничка безбедност. Го поздравуваме напредокот постигнат од Северна Македонија во спроведувањето на приоритетните дејствија, а потпишувањето на овој обновен договор е конкретен знак за нашиот континуиран ангажман и поддршка за нашите партнери – рече Јохансон.

Спасовски истакна дека се појавуваат нови безбедносни закани и предизвици и покажуваме дека меѓународната соработка е од најголема важност.

– Ми претставува задоволство да бидам тука да го потпишам овој ревидиран договор со Европската комисија. Ревидираниот договор ќе и овозможи на Северна Македонија и ЕУ поблиску да соработуваат за предвидување, спречување, заштита и одговор на терористичките закани. Тоа, исто така го покрива спречувањето на насилниот екстремизам и поларизацијата на нашите општества поттикнати од дезинформации – посочи Спасовски.

Ревидираниот договор беше потпишан и со албанскиот министер за внатрешни работи Бледар Чучи, кој истакна дека потпишувањето на ревидираниот аранжман ќе ни овозможи, заедно со ЕУ, подобро да се соочиме со заканата што ја поставува тероризмот, да го усогласиме нашето законодавство со законодавството на ЕУ и да ги подобриме нашите капацитети, а размената на информации ќе обезбеди појасна слика за вистинските закани и подобра подготвеност за справување со тероризмот и насилниот екстремизам.

Ревидираниот договор меѓу Комисијата и властите на Северна Македонија идентификува конкретни приоритетни активности во областа на антитерористичката соработка што ќе се спроведуваат во текот на 2023 и 2024 година.

Властите на Северна Македонија планираат да поднесуваат извештаи двапати годишно до Комисијата за состојбата на неговата имплементација. Договорот предвидува поддршка на Комисијата за реализација на активностите.

Договорите се дел од поширокиот Заеднички акциски план Joint Action Plan за Западен Балкан, потпишан во октомври 2018 година, кој обезбедува сеопфатна рамка за акција за борба против тероризмот, спречување и борба против насилниот екстремизам во регионот на Западен Балкан. Овој зајакнат ангажман за безбедност е една од шесте водечки иницијативи во Стратегијата на Комисијата за Западен Балкан Strategy for the Western Balkans и одговара на повикот од Софиската декларација Sofia Declaration од мај 2018 година за зголемена соработка во борбата против тероризмот и екстремизмот. Валидноста и важноста на Акцискиот план беше реафирмирана на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан што се одржа во 2020 and 2021 година.

Share This Article