Oблачно со врнежи од дожд,на повисоките места снег

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денеска нѐ очекува облачно со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите во текот на денот ќе се намалуваат.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 степени во Mаврово до 9 во Гевгелија, а максималните дневни од 3 во Маврово и 13 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје облачно и студено претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 7 степени.

В недела претпладне наместа ќе провејува слаб снег, а во текот на денот сончево и студено со мала облачност. Ќе дува умерен, претпладне долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од -6 степени до 3 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од – 2 степени до 7 степени.

За време на викендот во најголем дел од Македонија ќе се формира снежна покривка (во градовите од 10 до 20 сантиметри, понекаде и до 30 сантиметри, а на планините и на Скијачките центри таа ќе биде околу, понекаде и над 50 сантиметри).

Снег и помала снежна покривка очекува и Скопската котлина, а на околните планини таа ќе биде поголема.

Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, а температурите значително ќе опаднат и ќе бидат како среде зима, а не како за крај на месец ноември.

Особено студено утро ќе имаме во понеделник и тогаш температурата понекаде ќе се спушти дури и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article