More

    Објавени снимки како израелските војници ги малтретираат Палестинците

    spot_img

    Израелските војници споделуваат снимки од заробени Палестинци на окупираниот Западен Брег и покрај ветувањето на армијата дека ќе преземе акција за претходните случаи на недолично однесување откриени од Би-Би-Си.

    Правните експерти тврдат дека ваквото снимање и поставување на интернет може да претставува воено злосторство.

    Би-Би-Си анализираше 45 фотографии и видеа, вклучително и оние на затворениците обвиткани со израелски знамиња.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека војниците се суспендирани или се преземени дисциплински мерки против нив поради „неприфатливо однесување“.

    Според меѓународното право, затворениците не смеат да бидат изложени на непотребно понижување или јавна љубопитност, но експертите за човекови права велат дека овие објави на снимки од палестинските заробеници го прават токму тоа.

    Во февруари, Тимот за проверка на факти на Би-Би-Си објави за недоличното однесување на војниците на ИДФ на социјалните мрежи во војната во Газа, која започна откако Хамас започна напад врз Израел на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе, а повеќе од 252 други беа земени како заложници.

    Во последните месеци збележан е сличен модел на однесување на Западниот Брег, кој доживеа скок на насилство во истиот период.

    И покрај претходните извештаи на Би-Би-Си за несоодветното однесување на израелските војници на социјалните мрежи и последователното ветување од израелската армија дека ќе преземе акција за нивните наоди, таквата активност на израелските сили врз Палестинците продолжува и понатаму

    Портпаролот на организацијата на поранешни и активни израелски војници која работи на разоткривање на наводните неправилности во израелските одбранбени сили, Ори Гивати додаде дека тој всушност верува дека сегашната екстремно десничарска политичка реторика во земјата го поттикнува ваквото однесување на припадници на израелските одбранбени сили.

    – Израелските војници се охрабрени и поддржани од највисоките владини министри. Културата во армијата, кога станува збор за Палестинците, е дека тие се само мети. Тие не се човечки суштества. Армијата те учи да се однесуваш така – вели Гивати.

    Анализата на Би-Би-Си покажува дека на социјалните мрежи биле објавени 45 видеа од 11 војници од бригадата Кфир, најголемата пешадиска бригада на ИДФ која оперира главно на Западниот Брег.

    Сите единаесет моментално се или биле активни војници и не го криеле својот идентитет на социјалните мрежи.

    Најпродуктивниот од овие војници објавува под името Јохаи Вазана.

    Многу од видеата покажуваат како неговиот баталјон навлегува во домовите ноќе и приведува Палестинци – честопати им ги врзува рацете и им ги врзува очите.
    Може да се видат жени во паника додека се снимаат без шамии.

    Вазана – самопрогласен „дигитален автор“ кој на подлактицата има тетоважа „Никогаш не заборавај, никогаш не простувај“, често ги нарекува своите операции како „лов“.

    Неговите воени ознаки, видливи на снимката, сугерираат дека има чин постар наредник.

    Тој објави 22 видеа и фотографии на Фејсбук и на ТикТок, преземени од, како што изгледа, камерата на патролното тело, на кои се гледа приведувањето на Палестинците.

    Во бројни кадри заедно со Вазан се појавува неговиот другар Офер Бобров.

    Експертите велат дека снимката објавена од војниците може да го прекрши меѓународното право.

    Д-р Марк Елис, претседател на советодавната комисија на ОН за меѓународните кривични трибунали, повика на истрага за инцидентите на снимките и ИДФ да ги дисциплинира вклучените војници.

    „ИДФ ги држи своите војници на професионални стандарди и поведува истраги кога нивното однесување не е во согласност со вредностите на ИДФ. Во случај на неприфатливо однесување, војниците се дисциплинирани, па дури и суспендирани од резервната служба. Дополнително, на војниците им е наложено да избегнуваат објавување снимки од оперативни активности на социјалните мрежи“ – стои во известувањето од ИДФ објавен од Би-Би-Си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img