Објавени детали за тешката сообраќајка кај Битола

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово во близина на Битола, кај местото познато како Кукречанска раскрсница, животот го загуби 24-годишно момче, соопштија од Битолското обвинителство по извршениот увид на местото на несреќата.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при директен судир на автомобилот „опел корса“ со битолски ознаки, со кој управувал 24-годишникот, и товарно возило со штипска регистрација.

Во несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено, соопштија од МВР.

„Денеска (24.07.2023) во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило ‘сканиа’ со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (44) и патничко моторно возило ‘опел корса’ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено“, стои во известувањето од МВР.

Телото на починатото момче е предадено на обдукција. Битолското обвинителство постапува за откривање на причините за несреќата.

Share This Article