Јахтата „Баезиан“ која потона кај Сицилија во Медитеранот немала шанси да биде спасена од потонувањето, пишува италијанската новинска агенијца „АНСА“. Се појави снимка од надзорните камери која ги дава последните моменти на бродот. По шестмината кои не се спасија од екипажот уште трага италијснакта крајбрежна стража.
Помеѓу исчезнатите се: сопственикот на јахтата, британскиот технолошки тајкун Мајк Линч, како и неговата осумнаесет годишна ќерка Хана, додека пак неговата сопруга е една од петнаесетте пронајдени и спасени лица.
Сè уште траат потрагите и за Џонатан Блумер, директорот на банката „Morgan Stanley“, како и за Крис Морвил, адвокатот на големата компанија „Clifford Chance“, а се трага и по нивните сопруги.
Во тек е голема потрага, во којашто се вклучени крајбрежната стража, пожарникарите, нуркачите како и хеликоптерите.