Во цела Хрватска претежно облачно со врнежи од дожд, на места пороен, а на Јадранот и околината локално има врнежи од дожд со грмежи.
Најлошо, се чини, е во Задар, каде силен дожд ги поплави улиците и градските сообраќајници.
Поради силниот дожд кој утрово падна, целосно се потопени дел од патиштата во градот и околината, јавува Антена Задар.
Хаотична е состојбата на новореновираната обиколница на Задар, која исто така е под вода.
Не беа поштедени ниту другите делови од градот, па се повикуваат возачите и останатите патници да бидат внимателни.