More

    Нуркачи трагаат по исчезнатите кои паднале од мостот, студената вода може да биде смртоносна за нив

    spot_img

    Нуркачите итно трагаат по исчезнатите лица кои паднале од мостот во Балтимор кој се урнал кога голем товарен брод налетал на еден од неговите столбови, јавува Си-Ен-Ен. Според извори од итната помош, во несреќата исчезнале околу 20 лица.

    Температурата на водата во реката на местото на несреќата е девет степени Целзиусови и тоа ја отежнува спасувачката операција бидејќи времето полека истекува за оние кои можеби се уште се во водата.

    „Водата од девет степени не звучи толку ладно, но може да биде смртоносна“, известува новинарот на Си-Ен-Ен, Дерек Ван Дам.

    „Водата ја црпи топлината од телото четири пати побрзо од студениот воздух“, рече тој.

    Дерек Ван Дам објаснува дека телото може да издржи толку ниски температури од еден до три часа. Но, како што вели, нуркачите веднаш по несреќата нуркале во потрага по исчезнатите и тоа било од пресудно значење.

    Во исто време, гувернерот на Мериленд прогласи вонредна состојба по уривањето на мостот Френсис Скот Ки.

    „Ние сме им благодарни на храбрите мажи и жени кои напорно работат за да ги спасат исчезнатите и се молиме за нивна безбедност“, рече гувернерот.

    Американската крајбрежна стража ги потврди претходните извештаи за возила кои завршиле во реката по уривањето на мостот.

     

     

    Извор: Ројтерс
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img