„Њујорк Тајмс“ тврди дека Израел „ја пегла“ одбраната против наводниот геноцид

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Израел декласифицираше десетици тајни наредби на владата и армијата и ги достави до Меѓународниот суд на правдата во Хаг за да се одбрани од обвинението на Јужна Африка за геноцид против палестинскиот народ. Но, според „Њујорк Тајмс“ кој имал увид во досиејата, текстот бил редактиран, односно во документите биле изоставени клучните наредби издадени во првите неколку дена на војната.

Меѓу текстовите кои фалат е и наредбата Израел да ја прекине водата и електричната енергија на територијата и го блокираше помошта да стигне до неа. „Њујорк Тајмс“ оценува дека документите се обид да се покаже дека Израел пробал да го намали бројот на жртви во конфликтот и со тоа да ги побие тврдењата на Јужна Африка дека постоеле геноцидни намери.

Од друга страна, во досиејата дадена е наредбата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од ноември месец кога тој им нагласил на колегите од кабинетот дека има „потреба значително да се зголеми хуманитарната помош во Појасот Газа“.

Друго резиме на разговорите во кабинетот гласеше: „Се препорачува позитивно да се одговори на барањето на САД да се овозможи влез на гориво“.
Вкупната одбрана која Израел ја достави до судот е долга 400 страници. Денеска се очекува судот да пресече и да ја донесе пресудата.

Јужна Африка го тужи Израел за геноцид според Конвенцијата за геноцид од 1948 година. Конвенцијата го дефинира геноцидот како убиства извршени со „намера да се уништи“ одредена етничка или национална група.

Одбрната на Јужна Африка се потпира на десетици коментари дадени од израелски политичари и војници во последниве месеци, кои препорачуваат израелские одбранбени сили ИДФ да заземат најстрога можна линија на територијата.

Написот на Њујорк Тајмс доаѓа во време кога Вилијам Барнс , директорот на ЦИА, се вели дека ги финализира плановите да се сретне со израелски, египетски и катарски претставници во наредните денови за разговори за потенцијалниот договор за заложници во Газа.

Share This Article