More

    Новосадската публика ќе ужива во претставата за славниот драматург

    spot_img

    Драмски театар Скопје со претставата „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ ќе гостува на 67-то „Стеријино позорје“ во Нови Сад.

    Како што информираат од Драмски театар, гостувањето е во рамките на меѓународната програма „Кругови“, а претставата ќе биде изведена во недела на 29 мај.

    Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.
    Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“).

    Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски.

    Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

    Прво учество на Драмски театар Скопје на „Стеријино позорје“ било во 1966 година со претставата „Богомилска балада“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img