More

    Новите пратеници ќе земат прва плата – Тројца пратеници си добија отпремнина за пензија, а уште 7 добија апанажа

    spot_img

    Пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митревски од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се кандидати за потпретседатели на Собранието на Република Северна Македонија кои денеска ги утврди Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

    На денешната седница, со еден глас против, Комисијата го донесе и решението за добивање апанажа на поранешните пратеници Арбен Зибери, Љатифе Шиковска, Енес Ибраим, Снежана Калевска Ванчевска, Бастри Бајрами, Вјолца Адеми и Бедри Фазли.

    Претходно, беа прифатени 29 барања за апанажа на пратеници од парламентарниот состав 2020-2024.

    Беше прифатено и барањето за остварување отпремнина при заминување во пензија од поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов.

    Комисијата го усвои и барањето за остварување плата по престанок на функцијата член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на членот Арбен Исаку.

    Со мнозинство гласови, денеска беше утврдена и Предлог – одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија

    Под точката разно, претседателот на Комисијата, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, ги информираше членовите дека потпишал решенија за плата на сегашните пратеници на кои што Собранието им го верификувало мандатот, на координаторите на пратенички групи, на избраните претседатели на работните тела, на новиот претседател на Уставен суд, Дарко Костадиновски, како и на поранешната претседателка на судот, Добрила Кацарска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img