More

    Легендарниот Владо Јаневски со нов хит

    spot_img

    Една од најголемите македонски ѕвезди Владо Јаневски ги израдува своите обожаватели со нова песна.

    Новиот хит е насловен „Прекрасен ден“ и доаѓа пред концертот што Владо ќе го има на 10 август во Охрид на Античкиот театар.

    ПРЕКРАСЕН ДЕН

    Зад Кожув златна светлина се раѓа

    Вардар шуми место будилник

    Мојта перница ко да е лаѓа

    на неа плови твојот убав лик

     

    Прекрасен ден, ти мораш негде

    а јас те гушкам посилно

    Дај, земи ме денес со тебе

    сал да те гледам ми е доволно

    А јас и ти, што и да иде

    нека ни биде барем заедно

     

    Над мене ти си покрив среде бура

    и околу мене топлина

    Пред мене штит од бељи што ме чува

    и против уроци амајлија

     

    Прекрасен ден, ти мораш негде…

     

    Спуштам глава пак на твојте гради

    ко птица уморна од предолг лет

    Ритамот на твојото срце прави

    звук за мене најубав на свет

     

    Прекрасен ден, ти мораш негде

    а јас те гушкам посилно

    Дај, земи ме денес со тебе

    сал да те гледам ми е доволно

    Во животов што и да иде

    нека ни биде вака заедно

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img