Новоизбраниот чешки претседател Петр Павел изјави дека на Украина треба да и се дозволи да влезе во НАТО „штом ќе заврши војната“.
Павел, пензиониран генерал на НАТО, изјави за Би-Би-Си дека Украина ќе биде „морално и практично подготвена“ да се приклучи на алијансата кога ќе заврши конфликтот.
Во своето прво интервју како претседател за странски медиуми, Павел цврсто ја бранеше западната воена поддршка за Киев, велејќи дека не треба да има „речиси никакви ограничувања“ за пратките.
Тој додаде дека за него испраќањето западни борбени авиони Ф-16 за него „не е табу“, но дека не е сигурен дека тие би можеле да бидат испорачани во време кое би му одговарало на Киев.
Американскиот претседател Џозеф Бајден ја отфрли можноста за испраќање Ф-16 оваа недела, иако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ништо не е исклучено.
„Горд сум што мојата земја е една од првите што обезбеди значителна воена помош за Украина“, изјави Павел за Би-Би-Си.
Тој го поздрави испраќањето западни тенкови во Украина, но додаде дека верува оти „се уште не е доволно“ да се спротивстави на Русија.