Новинар од својот ранец извади леб и му го покажа на премиерот Димитар Ковачевски прашувајќи го зошто лебот и основните продукти не поевтинуваат како што тоа било ветувано

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новинар од својот ранец извади леб и му го покажа на премиерот Димитар Ковачевски прашувајќи го зошто лебот и основните продукти не поевтинуваат како што тоа било ветувано. Тој рече дека лебот сè уште чини 51 денар.

– Сакав да ве прашам нешто – рече новинарот вадејќи го лебот. – Постојано викате дека лебот и сите основни продукти поевтинуваат за 10 отсто. Неколку недели јас го слушам тоа.

– Ние велиме дека треба да е поевтин до 10 отсто – веднаш одговори премиерот.

– Добро. Еве, ова е леб што го купив 10 минути пред да почне пресконференцијата и чини исто, 51 до два денари беше пред еден месец, 51 денар е и сега. Тука некој лаже, а кој, вие треба да ми одговорите – рече новинарот.

Новинарот му го даде лебот на Ковачевски, а премиерот го зема со себе и го стави на говорницата.

– Поставивте одлично прашање – почна Ковачевски. – Се согласувам со вас во делот на снабдувањето со основни прехранебени производи. Јас го купувам овој леб, знам која му е цената. Она што го направи Владата, сите сме сведоци дека министерот имаше состанок со претставници од сите стопански комори. На состаноците се дојде до заклучок дека постојат неколку фактори кои ја зголемуваат цената – цената на суровините, која расте поради војната во Украина, а потоа цената на струјата – објасни премиерот и продолжи:

– Со одлука на Владата излеговме во пресрет, направивме цената да биде пет пати помала од берзанската, да биде 80 евра за мегават-час. Со претставници на стопанските комори во делот на основни прехрамбени производители беше постигнат договор цените да бидат намалени за најмалку 10 отсто. И тогаш беше прашано, дали доколку не го направат тоа, дали Владата има механизми да реагира. Да, постојат механизми. Кај дел од прехранбените производи веќе има намалена цена, тоа е видливо кај маслото кое е намалено на 40 денари и кај одредени производи на леб. Министерот за економија пак ќе има состаноци за да види до каде е намалувањето на цените – вели Ковачевски.

– Второ, Државниот пазарен инспекторат треба агилно да ги прави сите потребни инспекции и да дојдеме финално до намалување на цените така како што е договорено со стопанските комори. Мора да признаете дека сите антикризни мерки ги донесовме со широк консензус во општеството. Прашањето е одлично и се надевам дека одговорот кој ви го дадов е соодветен на прашањето – рече премиерот.

фото: јутјуб/тв21/принтскрин

- Advertisement -
Ad image
Share This Article