Нови цени на горивата,дизелот постанува луксуз во Македонија

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дизел горивото од полноќ ќе постапи за 3 денари и новата цена повторно ќе биде над 100 денари за литар или конкретно ќе се чини 101.5 денари.

Бензините, пак, ќе постапат по 0,5 денари и новите цени ќе бидат 89,5 денари за литар за Еуросупер БС 95, а 92 денари за литар за Еуросупер БС 98.

Новите цени кои ќе важат од полноќ доаѓаат по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесена на денешната седница.

Со одлуката дизелот за првпат ќе биде поскап за 12 денари по литар во споредба со Еуросупер БС 95.

Според одлуките на РКЕ на седниците одржани изминатата недела (22-29 август) цената на дизелот за овој период се зголеми за речиси 10 денари.

На 22 август таа се покачи за 1,5 денари, на 24 август за три, ден подоцна скокна за уште два денари. Со денешните три денари кои ќе важат од полноќ тоа се вкупно 9,5 денари.

Во цената на Еуросупер БС 93 и Еуросупер БС 98, пак, имаше промени само по седницата на 22 август, кога скокна за 0,5 денари. Со денешната одлука за поскапување од 0,5 во споредба со дизелот, бензинот за една недела поскапел за само еден денар.

Share This Article