More

    Нови обвиненија против Бред Пит

    spot_img

    Бред Пит тврди дека Анџелина Џоли тајно го продала својот дел од нивниот заеднички имот во Франција каде што имаат лозја. Меѓутоа, сега од таборот на Анџелина Џоли пристигнуваат нови информации и обвинувања против Бред.

    Откако успеа да докаже дека Анџелина одбила да му ја продаде својата половина од француското лозје бидејќи била одмаздољубива, Бред Пит пред само два дена поднел нови судски документи.

    Меѓутоа, извор близок до актерката тврди за „Пејџ сикс“ дека Џоли не го откажала договорот за лозјето затоа што сакала да му наштети на својот поранешен сопруг, туку затоа што Пит се обидел да проговори за неговото злоставување на нивните деца.

    Анџелина го обвини Пит дека „гушел и удирал“ едно од нивните деца за време на приватниот лет во 2016 година, како и дека „ја полил со пиво“ Џоли.

    Повикувајќи се на судските документи поднесени во 2022 година, пријателот на Анџелина рекол: „Вистината е дека (тој) одби да ја заврши продажбата на „Миравал“ со Џоли, освен ако таа не се согласи да молчи за злоставувањето… Тој бараше да се задржат 8,5 милиони долари (од неговата исплата за неа за винаријата) за да ја принуди да молчи“. (Намерата, наводно, била Пит да задржи дел или сите од 8,5 милиони долари доколку таа некому каже за тоа).

    Изворот близок до актерката додал дека без разлика на тоа каков маневар ќе се обиде Пит, тој „не може да побегне од фактот дека вербално и физички ја нападнал г-ѓа Џоли и нивните деца, па дури и едно од децата давел, а другото го удрил“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img