More

    Нови гласини за здравјето на Путин: Поранешниот шеф на МИ6 тврди дека рускиот лидер боледува од Паркинсонова болест

    spot_img

    Поранешниот шеф на МИ6, Сер Ричард Дирлав, смета дека рускиот претседател Владимир Путин има Паркинсонова болест. Дирлав беше одговорен за британската тајна разузнавачка служба кога Путин првпат дојде на власт во 2000 година, и вели дека здравствените проблеми на Путин „веројатно“ може да се должат на Паркинсоновата болест.

    Тој исто така рече дека рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е „дефинитивно убиен“ и дека паранојата на Путин, која потенцијално би можела да биде предизвикана од болест, можела да одигра улога во тој случај.

    Путин во денешниот говор рече дека НАТО подготвува напад врз Русија и предупреди дека руските „стратешки нуклеарни сили се подготвени за оперативна употреба“.

    Овој месец, за време на двочасовниот разговор со поранешниот водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, се чинеше дека Путин ја користи раката за да ја контролира неговата тресење на ногата. Ова повторно ги разгоре гласините за здравјето на Путин.

    „Сè уште имам контакти и пријатели во Источна Европа кои мислат дека нешто фундаментално не е во ред со него, медицински“, рече поранешниот шеф на МИ6, додавајќи дека се сомнева на Паркинсонова болест, пренесува express.co.uk.

    Веќе подолго време се шпекулира за здравјето на рускиот лидер. Во јули 2022 година, шефот на ЦИА Вилијам Барнс рече дека нема докази кои укажуваат на тоа дека Путин е болен. Неколку месеци подоцна, поранешниот шеф на британската армија, лорд Ричард Данат, сугерираше дека рацете на Путин може да значат дека тој можеби е болен и добива инјекции, особено што забележале некои чудни траги на неговите раце, како и промена на бојата.

    Паркинсоновата болест е проблем кој полека оштетува делови од мозокот, а главни симптоми се неконтролирано тресење на телото, бавни движења и вкочанети мускули.

    Болеста може да доведе до други физички и психолошки проблеми, вклучувајќи чувство на тага и грижа, неможност за спиење и проблеми со меморијата.

    По Алцхајмеровата болест, ова е второто најчеста болест на мозокот. Повеќето луѓе почнуваат да покажуваат знаци по 50-тата година од животот и тоа е малку почеста кај мажите отколку кај жените.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img