Нови детали за животот на Кејт Мидлтон

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, речиси 10 месеци се бори со ракот кој ѝ беше дијагностициран на почетокот на годината. Таа во последно време се чувствува подобро, а сега со нетрпение го очекува враќањето на нејзините деца на училиште, пишува порталот Мирор.

– Се чувствува многу посилно и поздраво. Ова е некако горчлив и сладок период за неа, таа е секогаш емотивна кога почнува училишната година бидејќи тоа е нов чекор за нејзините деца, но и доказ за тоа колку брзо растат. Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис наскоро ќе бидат зафатени со училишните обврски, што ќе ѝ даде на Кејт повеќе време повторно да се фокусира на работата – изјави личност блиска до принцезата од Велс.

Освен тоа, Кејт се весели што би можела да „побегне“ од медицинските третмани и посетата на лекари.

– Идеално би било да се врати на стариот распоред, но ќе ѝ треба време да го постигне тоа и се наведува дека истото треба да го прави полека – заклучува изворот.

Таа во средината на јули откри дека лекувањето од рак напредува, но дека битката со ракот е многу исцрпувачка.

– Како што знаат сите кои поминуват низ хемотерапија, постојат добри и лоши денови. Во текот на лошите денови се чувствувате слабо, уморно и телото бара одмор. Во добрите денови, кога се чувствувате посилни, сакате да го искористите тоа добро чувство најдобро што можете – изјави Мидлтон и истакна дека лекувањето ќе трае уште неколку месеци.

За потсетување, откако на принцезата ѝ беше дијагностициран рак, таа извесно време не се појавуваше во јавноста, а потоа по 6 месеци за првпат се појави по повод прославата на роденденот на кралот Чарлс.

Последен пат беше видена на Вимблдон, а оттогаш палатата молчи за нејзината здравствена состојба, па не е чудно што сите очи на јавноста повторно се свртени кон кралското семејство.

Share This Article