More

    Новак Ѓоковиќ вплови во Дубровник со луксузна јахта и ги воодушеви фановите

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ вплови во Дубровник со луксузна јахта и ги воодушеви фановите
    Деновиве Новак Ѓоковиќ со семејството одмара на Јадранот. Летниот одмор традиционално го започнува во Црна Гора, а оттаму со луксузна јахта плови до Дубровник.

    Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се одмори по турнирот Вимблдон каде по тензична битка загуби од ѕвездата на светскиот тенис во подем, Шпанецот Карлос Алкараз. Традиционално, тој овој период го поминува со семејството во Црна Гора, од каде потоа со луксузна јахта плови до Дубровник.

    Семејството Ѓоковиќ токму овие денови пристигна во Дубровник и веднаш привлече големо внимание. Во текот на денот поминат во градот, Новак Ѓоковиќ одвои време и за обожавателите кои сакаа да се фотографираат со тениската ѕвезда.

    Внимание не привлекоа само познатиот Ноле, туку и неговата луксузна јахта или нејзиното име. Тој и го дал името Тара, т.е. по неговата ќерка.

    Инаку, наскоро ќе заврши и одморот на Новак Ѓоковиќ, кој наскоро заминува на турнеја низ САД. Од 12 до 20 август најпрвин ќе настапи на турнирот во Синсинати, а потоа на крајот на август го очекува Отвореното првенство на САД каде ќе се обиде да го освои својот 24. Грен слем турнир.

    Доколку американската турнеја биде успешна за него, тој би можел да се врати на првото место на АТП-листата, каде моментално владее победникот на Вимблдон.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img