Меѓународната тениска федерација (ИТФ) по осми пат го прогласи Новак Ѓоковиќ за светски шампион. За најдобра тенисерка е избрана Белорусинката Арина Сабаленка.
Прославениот српски тенисер во историската сезона освои титули на Австралија опен, Ролан Гарос и УС Опен и го постави рекордот за најмногу освоени Грен слем титули во машка сингл.
Во женска конкуренција Арина Сабаленка ја освои првата Грен слем титула на Австралија Опен, беше вицешампионка на УС Опен, а играше и во полуфиналето на Ролан Гарос и Вимблдон.
Ѓоковиќ и Сабаленка беа единствените тенисерки кои стигнаа најмалку до полуфинале на сите четири Грен слем турнири во 2023 година.
Раџив Рам и Џо Солсбери по втор пат се избрани за најдобар тим во двојки во машка конкуренција, додека кај жените признанието го дсобија Сторм Хантер и Елис Мертенс.
Претседателот на ИТФ, Дејвид Хагерти, им честиташе на добитници на наградите и ги означи како големи шампиони.
-Овие награди ги признаваат неверојатните сезони кои ги имаа овие 11 спортисти, при што нашите светски шампиони освоија неверојатни 24 Грен слем титули заедно во 2023 година. Се надеваме дека играчите ќе уживаат во мирна претсезона во наредните недели и им посакуваме се најдобро во сезоната 2024 – рече Хагерти.