Новак Ѓоковиќ денеска полни 37 години, а роденденот ќе го прослави во „работна атмосфера“, со настап на турнирот во Женева

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новак Ѓоковиќ денеска полни 37 години, а роденденот ќе го прослави во „работна атмосфера“, со настап на турнирот во Женева. Најдобриот светски тенисер по кратката пауза на стартот на турнирот во Женева, повторно ќе биде на теренот, роденденски на мегдан со Јаник Ханфман. Германецот по дводневниот меч беше подобар од Енди Марио 2: 0 и денеска за прв пат ќе игра против Ѓоковиќ.

Љубителите на белиот спорт потајно се надеваа дека веројатно за последен пат ќе можат да гледаат како двете тениски легенди, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј стојат еден спроти друг преку мрежата. Но, Ханфман кој моментно е 85. тенисер во светот, го оневозможи тоа победувајќи го Мареј.

Ѓоковиќ во Женева пристигна пред сè за да се врати во натпреварувачки ритам пред настапот на Ролан Гарос.

Првиот од потенцијалните четири дуели што би можел да ги има во Швајцарија доколку стигне до финалето, би бил убава надградба на неговата форма пред парискиот грен-слем. Новак со триумф над Ханфман би стигнал до убава бројка од 1.100 победи во кариерата. Ова ќе го направи третиот тенисер што ја достигнал таа бројка, само Џими Конорс (1274) и Роџер Федерер (1251) повеќепати го напуштиле теренот со кренати тупаници. Ова е уште една причина Ѓоковиќ да си подари убав подарок на својот роденден.

Новак Ѓоковиќ е роден на 22 мај 1987 година во Белград. Тој е најстариот син на Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, а има помали браќа – Марко и Ѓорѓе Ѓоковиќ.
Неговиот тениски пат почна на Копаоник кога на 4-годишна возраст прв пат зеде рекет во рака, а прв тренер му беше Јелена Генчиќ која веднаш препозна дека е голем талент. На 12 години, Ѓоковиќ се пресели во Минхен, каде што тренира во тениската академија на Никола Пилиќ.
Тој официјално се запиша на АТП листата во 2003 година, кога неговото име за прв пат се најде на листата на најдобри светски тенисери.
Првата титула ја освои во 2006 година на Отвореното првенство на Холандија без загубен сет. Тогаш за прв пат во јавноста се појави заедно со Јелена Ѓоковиќ, тогаш Ристиќ.

Мораше да биде малку трпелив до неговата прва Грен слем титула, која дојде две години подоцна. Тој го освои Австралија опен победувајќи го Французинот Жо Вилфрид Цонга во финалето. По овој голем триумф, се останато е историја.

Според многу параметри, Новак е најдобар тенисер во историјата на белиот спорт. Моментално е најстариот број 1 во тенисот, со што го симна од тронот Роџер Федерер. Воедно, Новак е на врвот на АТП листата веќе 426 недели и на тој начин продолжува да го зголемува сопствениот рекорд. Неодамна по петти пат беше прогласен за најдобар спортист на светот од Академијата Лауреус. Тој има и најголем број освоени Грен слем титули (24), а Новак Ѓоковиќ е и првиот тенисер кој четири пати освоил три Грен слем турнири во една сезона.

Share This Article