More

    Нова војна помеѓу Ким и Канје

    spot_img

    Раперот Канје Вест (44) и старлетата Ким Кардашијан (41) веќе извесно време се во конфликт преку социјалните мрежи, а сѐ започна откако Канје објави скриншот од нивната ќерка Норт (8), која против негова волја ја користи социјалната мрежа ТикТок.

    По неколку негови јавни истапи, Ким одговори на својот Инстаграм, по што ситуацијата меѓу наскоро бившите сопружници се вжешти.

    „Ким ме обвини дека сум нарачал нејзина ликвидација, а сакам да кажам дека тоа се сериозни обвинувања и дека не е можно така да се игра со животите на Афроамериканците. Ме обвини дека се дрогирам и дека сум крадец, а јас го немам ниту нејзиниот телефонски број“, напишал, меѓу другото, Кајне на Инстаграм.

    Бесниот рапер тврди дека Ким не му дозволува да ги гледа нивните деца, а дека едвај му дозволила да присуствува на роденденот на малата Чикаго (4) кој неодамна го прославија.

    Бесните статуси на Канје ги следат многу фанови на социјалните мрежи, а повеќето од нив не се согласуваат со тоа дека родител на четири деца треба јавно ги решава своите проблеми со поранешната сопруга.

    Новата девојка на Канје, актерката Џулија Фокс (32) сака да се смири ситуацијата меѓу поранешните партнери:

    – И Џулија исто така помина низ развод, па сфаќа дека разводите се тешки, а кога се во прашање децата, тоа ја прави ситуацијата речиси невозможна. Таа само сака да си ги решат своите проблеми – изјавил за „Пејџ сикс“ извор близок до Џулија.

    Актерката го прослави својот 32. роденден со Канје Вест во Њујорк со мноштво камери кои забележаа како раперот ѝ подарува на својата нова девојка и на нејзините пријателки лускузни чанти „Биркин“ на брендот „Ермес“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img