Отпочнуваме со активности на Националната арена “Тодор Проески’’ во насока на целосна ревитализација на тревната површина и нејзините пропратни елементи . АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката во соработка со ФФМ отпочнува процес на целосно менување на тревната површина коешто последен пат е изведено во 2012 година. Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред националниот натпревар со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова ,најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции. Дополнително, пред поставување на тревната површина нашето Друштво активно работи на надградба на системот за наводнување на тревата, на начин којшто ќе биде најадекватен за новото игралиште. Вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакнато кога ќе се презентира целиот овој проект како реализиран. Новите услови на Националната арена ќе ги подобрат условите за работа на националниот и клупскиот фудбал и генерално, се во насока на успешно развивање на спортот во РСМ.
Нова трева на Националната арена “Тодор Проески’’
By
Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Дневни Вести
Ви носи избор од најновите вести, трендови, увиди и совети од целиот свет.
By signing up, you agree to our Terms of Use and acknowledge the data practices in our Privacy Policy. You may unsubscribe at any time.