More

    Приватниот „757“ на Трамп се судрил на аеродром во Флорида

    spot_img

    Приватниот авион на поранешниот американски претседател Доналд Трамп имал мал судар на аеродром во Флорида. Ројтерс пишува дека инцидентот се случил додека „Боинг 757“ на Трамп маневрилал на пистата во „Палм Бич“, а притоа поткачил паркиран авион.

    За среќа во паркираниот авион немало патници. Се наведува дека е покрената истрага за тоа што се случило. Американските власти го потврдија случајот, но нагласија дедка инцидентот се случил во дел од аеродромот каде контролата на летање на може да се влијае на движењето на авионите.
    „Боинг“-от на Трамп се очекува да биде голема атракција на претседателските избори во САД кои треба да се одржат во ноември. Авионот веќе се појави на претходни митинзи.

    „Trump Force One, имаш дозвола за слетување“, се слушаше преку системот за јавно обраќање на еден од митинзите што поранешниот американски претседател ги одржа во Охајо во март, мислејќи на американскиот претседателски авион „Air Force One“.

    Се вели дека Трамп платил 100 милиони долари за овој „Боинг 757“, изграден во 1991 година и го уредил целосно по негов вкус, со златни елементи во ентериерот. Авионот содржи две гостински соби, три бањи, како и трпезарии и соби за состаноци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img