Подрачјето на централна Италија беше погодено од земјотрес неколку минути по полноќ.Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 8 километри од градот Мачерата, додека земјотресот се случил на длабочина од 2 километри.
Инаку, на крајот на јануари северот на Италија го погоди уште посилен земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот тогаш бил на 23 километри од градот Римини, а се случил на длабочина од 10 километри. Споменатиот земјотрес бил почувствуван во целиот регион Емилија Ромања.