More

    Нов Зеланд започна кампања: Како младите можат да ги преболат болните раскинувања

    spot_img

    Нов Зеланд започна кампања за да им помогне на младите во земјата да ги надминат болните раскинувања, охрабрувајќи ги скршените срца да се помират со тоа и да ги блокираат своите бивши на социјалните мрежи.Владината кампања „Сакај подобро“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во подкаст и на платформи како што е Инстаграм.

    „Раскинувањето боли… но морате засекогаш да ја свртите страницата. Преземете одговорност за вашите чувства“, вели смирувачки глас во видеото од кампањата.

    Еден неименуван млад човек рече дека ја блокирал својата поранешна девојка на социјалните мрежи бидејќи не можел да спие навечер и дека сè станува чудно и надвор од контрола.

    Властите на Нов Зеланд најавија дека за тригодишната кампања ќе издвојат 6,4 милиони новозеландски долари (3,7 милиони евра).

    „Знаеме дека раскинувањето на љубовните врски е болно. Сакаме да ги поддржиме нашите млади луѓе и да им дадеме до знаење дека има излез“, изјави неименуваниот претставник на властите.

    Кампањата им овозможува на младите да ги споделат своите приказни и на тој начин да им помогнат на своите врсници кои можеби поминуваат низ слични искуства.

    Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) објави дека Нов Зеланд има една од највисоките стапки на самоубиства меѓу развиените земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img