More

    Нов Зеланд воведува данок за крави и овци поради емисиите на гасови

    spot_img

    Во Нов Зеланд, како дел од владиниот план за контрола на климата, гасовите што ги испуштаат кравите и овците преку дефекација и подригнување ќе се оданочуваат од 2025 година, јавува Anadolu Agency.

    Владата најави дека ова ќе биде прво оданочување од ваков вид во светот.

    Во соопштението се наведува дека земјоделците даночните трошоци можат да ги покријат со покачување на цените на еколошките производи.

    Премиерката Џасинда Ардерн рече дека парите од предложениот данок ќе бидат искористени за обезбедување нови технологии и стимулации за земјоделците.

    Иако се планира земјоделците да плаќаат даноци дури од 2025 година, тарифата се уште не е одредена.

    Министерот за земјоделство на Нов Зеланд, Демиен О’Конор рече дека даночниот план е добра можност за земјоделците кои веќе го чувствуваат негативното влијание на климатските промени.

    Сепак, водечкото земјоделско лоби во земјата, Федерирани фармери, го осуди даночниот план на владата, велејќи дека новото оданочување ќе ги принуди производителите да ги продаваат своите фарми.

    Потсетуваме, кога кравите подригнуваат, испуштаат гас кој е полн со метан, стакленички гас кој ја задржува топлината од сонцето повеќе од 20 пати поефикасно од јаглерод диоксидот.

    Во земјата, која има повеќе од 10 милиони крави и околу 26 милиони овци, сточарството е меѓу водечките стопански гранки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img