More

    Нов тренд на Јадранот – апартмани што плутаат како сплавови, стануваат се попопуларни кај туристите, особено од западноевропските земји

    spot_img

    Нов тренд на Јадранот – апартмани што плутаат како сплавови, стануваат се попопуларни кај туристите, особено од западноевропските земји, пишуваат хрватски портали.

    Станува збор за плутачки објекти, кои се регистрирани како бродови, можат да пловат, но се оставаат усидрени на марините во повеќе хрватски приморски места како Пинат, Веруда, Новиград… За прв пат во Хрватска биле поставени во 2019 година, и оттогаш привлекуваат се поголемо внимание на туристите.

    Овие пловечки апартмани се пространи и луксузни, иако минималистички. Сите имаат модерна кујна со фрижидер, замрзнувач, стаклена керамичка плоча, аспиратор, мијалник од не’рѓосувачки челик, фитинзи и плакари под и над кујнскиот пулт. Дневната соба има удобен тросед кој може да се користи и како дополнителен кревет за две лица. Има и пространа трпезарија за две лица. Едниот има брачен кревет, а детската соба има кревет на спрат за две лица.

    Цената за едно ноќевање изнесува дури 300 евра, но тоа не го намалува интересот за нив. Се произведуваат во мало бродоградилиште во Врањиц крај Сплит, а се нудат и на продажба. Нивниот идеен зачетник е словенечката компанија З-МАРАН, и нејзините сопственици Ник и Себастијан Селан, татко и син, а сега ги произведува и хрватска компанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img