More

    Нов топлотен бран ја зафати Шпанија

    spot_img

    Од понеделник Шпанија е зафатена од нов топлотен бран кој според прогнозата на метеоролозите ќе трае во следните четири дена и ќе го зафати поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров, јавува Anadolu.

    Шпанската метеоролошка агенција во понеделникот издаде црвено предупредување поради максималните температури за Мадрид и некои други провинции. Според прогнозата, температурите на воздухот во Мадрид би можеле да достигнат до 42 и 43 Целзиусови степени.

    Портокалово предупредување е издадено за поголемиот дел од полуостровот каде се очекуваат температури и до 40 степени.

    „Во сабота започна период на пораст на температурите што ќе доведе до епизода на високи температури. Овој бран најверојатно ќе трае од понеделник до четврток покривајќи го поголемиот дел од полуостровот“, беше соопштено.

    Температурите на југ ќе се движат меѓу 42 и 44 степени, а се вели дека топлотниот бран до средината на неделата ќе ги достигне Канарските острови – територијата на Шпанија во Атлантикот. Од четврток се очекува опаѓање на температурите прво на североистокот од полуостровот, а температурите ќе останат релативно високи, но нешто пониски во однос на претходните денови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img