Никола Јокиќ беше најзаслужен за победата на Денвер Нагетс против Њу Орлеанс (134-116), запишувајќи го својот 108 трипл-дабл во НБА кариерата. Со ова постигнување српскиот кошаркар стигна на 4.место на вечната НБА листата на која ги престигна Леброн Џејмс и Џејсон Кид. Пред Србинот сега се самп Расел Вестбрук со 198, Оскар Робертсон со 181 и Меџик Џонсон со 138 трипл-дабл остварувања.
Иако пред почетокот на мечот, Јокиќ имаше проблеми со повреда на прстот, сепак тоа не го спречи да одигра уште еден фантастичен дуел и да постигне рекордни сезонава 35 поени, 14 скока и 12 асистенции.