More

    Нов протест на вработените во Пошта

    spot_img

    Бараме да се сретнеме со новата влада веднаш по нејзиниот избор за да најдеме решение за лошата состојба во Македонска пошта. Сакаме да предочиме дека нема да дозволиме нови партиски вработувања, бидејќи ни треба добра реорганизација и вработување на технички кадар и шалтерски работници, изјави денеска претседателот на синдикатот на Пошта Боро Велигденов за време на денешниот протест.

    Тој рече дека овој протест на вработените во Пошта е почеток на процесот на штрајк кој ќе почне на 7 јуни.

    Велигденов информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање на плата и не е не е преземено ништо во однос на промена на работењето и организацијата на Пошта.

    – Не сме зеле плата која е на ниво на минимална. Раководството не кажува кога ќе има плата, но знаеме дека Пошта е во лоша состојба и се чека некаков прилив на пари за исплата на плата. Вработените секој месец стравуваат дека нема да земат плата, па дел од нив веќе напуштаат, што значи дека во иднина нема кој да работи. Дополнително ништо не е преземено за подобрување на организацијата на работа, а Пошта е доведена до дното. Од симбол на државата Пошта е доведена до дното со направениот хаос во системот и организацијата – рече тој.

    Вработените, кои како што велат се загрижени за состојбата во Пошта и за нивните работни места, очекуваат новата влада да се позанимава со состојбата во Пошта и да направи контрола во агенцијата за пошти, која иако добива пари од Пошта не презема ништо за регулирање на поштенскиот сообраќај во кој приватните компании, како што рекоа, и покрај тоа што законски не им е дозволено вршат пренесуваат меѓународна пошта.

    Синдикатот на Пошта во неколку наврати преку протест алармираше дека со партиските вработувања на несоодветен кадар акционерското друштво станало друштво на 1.000 раководители и нема доволен број на шалтерски работници и поштари. Платите на вработените се на ниво на минимална и се нередовни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img