Нов скандал го тресе Црвен крст Охрид предводен од „Вечниот Сашо Точков“, но овој пат за огромен финансики криминал во време кога НП Галичица беше зафатен од пожари.
Огромен број на волонтери од Охрид кои беа активно вклучени во гаснењето на пожарот на Галичица останале на падините на Галичица без јадење и без вода за пиење.
Акционерското друштво Битола млекара донираше млеко, сокови и вода за волонтерите , пожарникарите и сите доброволци кои актвино учествуваа во гаснењето на големиот пожар на Галичица. Поради големото присуство на CO2 за пожарникарите и волонтерите требаше да биде обезбедено млеко за пиње, кое млеко требаше да го дистрибуира Црвен крст Охрид. Но, наместо меко да се дистрибуира за потребите на пожарникарите, волонтерите кои воопшто не виделе од донираното млеко од битолската млекара. истото на сомнителен начин заршува во магацините на Црвен крст, од каде на сомнителен начин истото било продавано по охридски маркет, а дел завршил во планинската куќа на Галичица со која стопанисува „АД Точков Црвен крст Охрид“.
Редакцијата Охридскај јавно го повикува Црвениот крст на Македонија, финансиската полиција и МВР на РСМ да го испитаат ваквото криминално работење на Црвен крст Охрид и јавниот доживотен секретар Сашо Точков, во смисла каде завршиле донациите наменети за пожарникарите, волонтерите кои учесвуваа во гаснењето пожар на Галичица, но и да го испитаат севкупното работење на ова злосторничко здружение.
Сашо Денесовски