More

    Носеше ли Кејт Мидлтон перика на роденденот на Чарлс?

    spot_img

    Кејт Мидлтон повторно под лупа на јавноста: „Принцезата е под страшен притисок“, се очекува од нејзе да даде објаснување за својата коса

    Дали британската принцеза Кејт Мидлтон(42) носеше перика на роденденот на кралот Чарлс Трети или нејзината коса навистина не е опадната? Западните медиуми, но и јавноста нашироко го коментираат појавувањето на Кејт во јавноста по цли шест месеци, откако во март откри дека има рак и дека е на превентивна хемотерапија.

    Некои ја критикуваа дека на 15 јуни, на роденденот на кралот, наречен Trooping the Color, таа одби да седне за време на целата церемонија.

    – Не сите видови на хемотерапија предизвикуваат опаѓање на косата. Само одредени типови го предизвикуваат ова бидејќи влијаат на клетките кои брзо се размножуваат – изјавила за британски „Мирор“ медицинската сестра Каролин Герати.

    Таа исто така објасни дека поединците не губат влакна само на главата, туку и на целото тело. Сепак, понекогаш хемотерапијата предизвикува само проретчување на косата, а тоа е привремено, па влакната повторно почнуваат да растат штом ќе се прекине терапијата.

    – Бидејќи деталите за превентивната хемотерапија на која принцезата од Велс беше подложена не се објавени, можно е лековите што ги земала да не биле доволно силни за да предизвикаат губење на косата – објасни Каролин.

    Кејт во јуни откри дека има добри и лоши денови, како што знае секој кој бил подложен на хемотерапија. Нејзиното лекување ќе трае уште неколку месеци, а принцезата признала дека е уморна.

    „Кејт е готова, не може да издржи повеќе“, напиша еден од следбениците на мрежите.

    „Принцезата е под голем притисок“, заклучил друг, додека други очекуваат Кејт да ѝ се обрати на јавноста и да признае дали носи перика или третманот не бил толку тежок за да ја изгуби косата.

    Нејзините обожаватели исто така се надеваат дека ќе ја видат во јавноста што е можно поскоро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img