Ногачески: Нека ни е честит празникот ! Нека ни е вековита Македонската Република !

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Почитувани граѓани,
Илинден е симбол на вечниот стремеж за слобода и за самостојност на македонскиот народ, темел на нашата државност, потврда за нашиот идентитет, нашата историја, јазик и култура и постојан патоказ за нашата иднина.
Дебрца е нераскинливо втемелена и во двата Илиндена.
И во првиот Илинден, со Кузман Капидан, Дејан Војвода, Арбинската битка, 218-те селани протерани на најдолгиот пат до Дијар Бекир и во вториот Илинден, со баталјонот “Мирче Ацев” на Славеј Планина, Првата бригада во село Сливово, првата слободна територија, Манифестот на Асном од Црвена Вода, првиот свештенички собор во село Издеглавје.
Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја .
Да го чуваме аманетот од Илинденците и Асномците и да ги негуваме и надградуваме придобивките од двата Илиндена, да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно општество, достоинствен дом во кој има место за сите.
Нека ни е честит празникот ! Нека ни е вековита Македонската Република !
Share This Article