Во тек е 67. издание на Евровизија. Во првата полуфинална вечер настапи Израелската претставничка Ноа Кирел(22) која публиката ја смета за една од најубавите натпреварувачки.
Младата претставничка која е пејачка, актерка и судија во „Israel’s Got Talent“ ја освои публиката, а со нејзиниот настап и кореографијата ја „запали“ салата во Ливерпул и истата се пласираше во финалето на Евровизија.
„Дефинитивно мојот победник“, „Песната е одлична, а танцот огнен, исто како што треба на Евровизија“, „Убава е и толку талентирана“, се дел од реакциите на нејзиниот настап.
Израелската претставничка го има објавено својот прв деби-сингл на 14 години, а потпишала договор со Атлантик рекордс кога имала 18 години. Оттогаш, таа има добиено бројни награди, вклучувајќи го и најдобриот израелски чин на MTV Europe Music Awards.