Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ планира да се врати на македонскиот пазар напролет со воведување летови меѓу Париз (аеродром Орли) и Скопје, објави порталот „Екс ју авијација“.
Порталот се повикува на францускиот финансиски весник „Les Echos“ кој пишува дека се очекува летовите да бидат закажани наскоро.
„Со новата услуга нискобуџетската авиокомпанија ќе се врати во Скопје по прекинот на операциите од Женева минатиот месец. Понатаму, ќе ја прошири врската меѓу Македонија и Франција, која ќе расте заедно со планираните нови летови на Виз Ер до Лион, кои исто така ќе започнат во 2025 година“, пишува порталот.
Авиолинија од Скопје до францускиот главен град опслужува и „Виз Ер“ до аеродоромот „Бове“, оддалечен 90-ина километри од Париз.
Изи џет влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година.