More

    Николовски: Сите откупни компании од денеска ќе го откупуваат тутунот по повисока цена за 10%

    spot_img

    Сите откупни компании од денеска ќе го откупуваат тутунот по повисока цена за 10%, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

    Одлуката компаниите ја донеле синоќа.

    Цената на тутунот најпрво ја зголеми Тутунскиот комбинат Прилеп, а веднаш потоа и владата излезе со дополнителна поддршка за тутунарите. Тие ќе добијат плус 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6 000 денари поддршка за хектар површина.

    Според Николовски, субвенцијата би требало да достигне рекордни 100 – 110 денари, зависно од пресметките на крајот од откупот.

    Досегашните откупни цени на тутунот се – 300 денари за прва, 240 за втора и 180 денари за трета класа.

    Тутунарите кои годинава одбиваат да го предаваат тутунот поради ниската цена бараа зголемување на цената од најмалку 20% или таа да изнесува 600 денари за килограм прва класа тутун.

    Годинава се склучени околу 30 000 договори за преку 26 000 тони тутун, но родот е преполовен. Се очекуваат од 13 000 до 15 000 тони тутун. Интензитетот на откупот се очекува по Нова година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img