Николоски најави дека ќе се совладува најтешкиот дел од Коридорот 8

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По 50 години се започнуваат реални работи на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и до Кичево од Коридорот 8, изјави министерот за транспорт Александар Николоски, кој го опиша настанот како историски.

– Навистина мислам дека имаме историски ден. Се работи за почетокот на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево нешто за што се зборува преку 50 години. Практично, тоа е решавање на најтешкиот дел од она што треба да биде автопат Скопје – Кичево – Струга – Охрид, Коридорот 8, познатата Стража. Така што, првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде за 1,5 часа. Ова целосно ќе го промени функционирањето на економијата, но исто така ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и економскиот раст. Ова ќе значи голема поврзаност за сите –  рече Николоски.

На новинарско прашање каде ќе поминува трасата, министерот Николоски истакна:

– Најсликовито, од третата или четвртата патарина продолжува до Гостивар и тука имаме комплетно ново решение од двете страни по три ленти, вкупно шест ленти и плус помошен пат. Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над реката Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража, оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во претселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради.

Тој рече дека во иднина ќе има многу други проекти.

– Сакам да најавам уште многу добри вести во деновите коишто доаѓаат. Ние решивме да работиме, а не да бараме изговори и во деновите кои доаѓаат ќе има уште добри вести, а во годините пред нас ќе има многу нови реализирани проекти и во делот на автопати, и во делот на експресни патишта и во делот на железницата – рече Николоски.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека конечно може да се види дека се работи на Коридорот 8 по две години ветувања од претходната влада.

– Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто коешто треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сѐ како претседател на Владата да стане и реалност – рече  Мицкоски.

Тој рече дека интензивирањето на работите на автопатот почнале уште со првиот контакт со раководството на компанијата „Бехтел“ во Вашингтон за време на Самитот на НАТО.

- Advertisement -
Ad image

– Продолжија тука и гледате еве кога ќе се постигне заеднички, кога ќе има дијалог, кога ќе се разговара, може да се постигне и напредок. Тој напредок сите можеме сега да го видиме и јас сум навистина горд што сме денеска овде и што во периодот којшто следи ќе имаме уште многу пријатни и убави вести за вас, за македонската јавност и за македонските граѓани – рече тој.

Мицкоски најави дека во сабота ќе го посети и другиот дел од проектот на кој се гради, а тоа е делницата помеѓу Прилеп и Битола.

На настанот зборуваа и американската амбасадорка Анџела Агелер, вицепремиерот Изет Меџити и директорот на Државни патишта Коце Трајановски.

- Advertisement -
Ad image

Автопатиштата од коридорите 8 и 10д кои ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ се во должина од 110 километри и чинат 1,3 милијарди евра, а треба да бидат завршени за 4 години.

Share This Article